Судир на полицијата и демонстрантите пред Собранието

Неколку илјади граѓани кои што протестираа пред Собранието против одлуката на претседателот Иванов да стави крај на сите истраги поврзани со скандалот со прислушувањето беа спречени од полицијата да се упатат кон седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Тие се судрија со полицијата која не им дозволи да се пробијат кон зградата на владеачката партија. Демонстрантите се упатија од спротивна насока преку Рекорд во центарот на Скопје, со намера да пристигнат до седиштето на ВМРО ДПМНЕ каде има силно полициско обезбедување и водени топови.

Претходно пред Народната канцеларија на Претседателот учесниците на протестот фрлаа јајца и камења, и беа искршени прозорци на кацнеларијата.

Протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа.