Демонстрантите се собраа пред СЈО, најавен контра протест пред Собранието

Пред Специјалното Јавно Обвинителство започна протестот на граѓаните кои се противат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување политичари од власта и опозицијата кои се поврзани со прислушувањето и политичката криза. Тие ја повикаа полицијата да им се придружи на протестите. Демонстрантите извикувата "Нема правда нема мир". Тие од седиштетот на Специјалното јавно обвинителство, каде се собраа за да им искажат подршка на обвинителите, ќе поминат пред зградата на Министерството за правда и пред канцеларијата на Иванов на Рекорд, а потоа ќе се упатат пред Собранието на Р Македонија. Протестот засега е мирен, а присуствуваат стотина граѓани.

Пред почетокот на протестот пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ имаше распоредено засилено полициско обезбедување и водени топови

Пред заградата на Собранието на Република Македонија е најавен и контра протест против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски. Автобуси со контрадемонстранти се упатени од внатрешноста кон Скопје.