Следната недела состанок на Советот НАТО - Русија

Архивска фотографија.

Првиот состанок на Советот НАТО – Русија од 2014 година е закажан за 20 април во седиштето на НАТО во Брисел. Портпаролот на НАТО, Кармен Ромеро вели дека во агендата се вклучени војната во источна Украина и целосното имплементирање на Договорот од Минск, кој предвидува ставање на крај на борбите меѓу владините сили сепаратистите поддржани од Русија. Ромеро посочува дека Советот исто така ќе дискутира за воените активности на НАТО и на Русија со фокус на „транспарентноста и намалување на ризикот“, како и за безбедносната состојба во Авганистан и регионалните закани од тероризмот. Русија треба да биде претставувана од страна на нивниот амбасадор во Алијансата.