Гранати истрелани од Сирија го погодија турскиот град Килис

Гранати истрелани од Сирија повторно паднаа на територијата на Турција. Турските медиуми информираат дека две области од центарот на градот Килис денеска биле погодени со гранатите, но нема информации за жртви. Турската армија возвратила со оган на цели во Сирија, во согласност со нивните правила за ангажирање. Вчера турската војска гаѓаше цели на групата на Исламската држава, откако ракети го погодија Килис при што беше убиено едно лици и неколкумина беа повредени.