Хан со европратениците на итна средба за Македонија

Итна средба на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со тројцата европратеници кои беа вклучени во надминувањето на кризата во Македонија се одржува претпладнево. Европратеникот Ричар Ховит на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се тој, неговите колеги европратеници Едуард Кукан и Иво Вајгл и еврокомесарот Хан под која наведе и дека ќе следува соопштение. Хан вчера во интервју за Радио Слободна Европа порача дека помилувањето не е во согласност со владеењето на правото.