Иванов, Пахор и Китаровиќ на македонско грчката граница

Претседателите на Македонија, Словенија и Хрватска, Ѓорге Иванов, Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ денеска ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско грчката граница. Тие ќе го посетат и транзитниот центар „Винојуг“, каде што ќе имаат средба со полицајците од Словенија и Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили во справувањето со проблемот со мигрантите и беглаците.