ЕК е за визна либерализација за Украина

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Европската комисија планира да предложи визна либерализација со Украина и покрај референдумот во Холандија на кој беше отфрлена Спогодбата за асоцијација со Киев. „Ние работевме на ова прашање со години. Тие веќе исполнија некои услови што ги побаравме. Сега е прашање на фер игра и да го исполниме она што го ветивме“, изјави Хан за Радио Слободна Европа.