Контра-протест против аболицијата пред седиштето на СДСМ

Фото: meta.mk

Неколку стотина граѓани вечерва мирно се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ „за да го изразат своето незадоволство од политиката која што ја води опозициската партија“, која според нив, ја втурнува државата во политичка криза, јавува новинската агенција Мета.

Полициски кордон е поставен на влезот на улицата која води кон штабот на СДСМ поради што демонстрантите се собираат на главната улица која е веднаш до зградата во која што живее поранешниот премиер и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За време на овој собир не се извикуваат никакви пароли, освен што во заднина се слуша аларм за тревога којшто го пуштаат демострантите.

Полицијата целосно ја блокираше улицата која што води кон населбата Црниче.