Гарет загрижен за одлуката на Иванов

Macedonia - Promotion of a manual for defamation organization AJM.

Британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет на социјалната мрежа Твитер изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за прекинување на кривичните пријави против политичарите од власта и опозицијата кои се вклучени во политичаката криза и аферата за прислушувањето.

„ Денешната изјава на претседателот бара појаснување, ако одлуката е да се аболираат политичарите и се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза“е наведено во писмената реакција која беше објавена на официјалниот профил на Твитер на британската амбасада.