ММФ: „Брегзит“ е ризик за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека Велика Британија може да предизвика голема штета на креквката светска економија, доколку на референдумот закажан на 23 јуни биде гласачите одлучат да ја напуштат Европската унија. Во проценката објавена денеска, главниот економист на ММФ, Маурис Обстфелд го наведе т.н. „Бегзит – референдум“ како клучен ризик за глобалната економија, која веќе создала несигурност кај инвеститорите. Обстфелд додава дека „Брегзит“ може да направи сериозна регионална и глобална штета со нарушување на веќе воспоставени трговски односи.