Руски воен хеликоптер се урна во Сирија

Илустрација.

Руското Министерство за одбрна соопшти дека руски воен хеликоптер се урнал во Сирија, при што загинале две воени лица. Министерството информира дека хеликоптерот МИ – 28 не бил соборен туку дека рано денеска се урнал во провинцијата Хомс. Телата на пилотите се пронајдени и се донесени во руската воздушна база. Причините за уривањето не се познати. „Група специјалисти рабтоат на истрагата на инцидентот“, се вели во армиското соопштение.