Китаровиќ и Пахор во посета на Македонија

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, заедно со претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска и утре ќе престојуваат во Македонија. За денеска е најавена трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со претседателите на политичките партии во Македонија. Утре тројцата претседатели ќе го посетат транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде што ќе се сретнат со полициските службеници на Хрватска и на Словенија.