Фридом хаус: пад на демократијата во Македонија

Во најновиот годишен извештај на Фридом хаус „Земјите во транзиција 2016“ единаесет земји забележаа пад на демократијата. Македонија има пад во шест од седумте категории што се мерат во извештајот. Македонија забележа надолен тренд поради натамошни откритија за тешки неправилности на изборите во 2014 година, што предизвика бојкотот на опозицијата во парламентот, како и новите информации поврзани со скандалот со широкиот владин надзор на политички и верски лидери, новинари и граѓани. Оценка за слободите е три ипол, за политичките права, четворка, а за граѓанските слободи, тројка.