Времето денеска: сончево со умерен ветер

Во Македонија ќе биде сончево, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 27 степени. Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 24 степени.