Кери во историска посета на Хирошима

Американскиот државен секретар Џон Кери направи историска посета на меморијалот во Јапонија на местото на првиот напад во светот со атомска бомба. Кери денска стана највисокиот претставник на САД кој го посетил Меморијалниот парк и Музеј во Хирошима. Тој и министрите за надворешни работи на Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија беа заедно на турнеја и положија цвеќе во знак на сеќавање за оние коиу загинаа во нуклеарниот напад. Министрите се во Хирошима на состанок на Групата на седумте економски сили. Американскиот бомбардер Б – 29, на 6 август 1945 година фрли нуклеарна бомба од 15 килотони врз Хирошима, при што веднаш загинаа над 80 илјади луѓе. По вториот нуклеарен напад на Нагасаки беше ставен крај на Втората светска војна.