Полицијата открила 20 илегални мигранти кај Кавадарци

Илустрација.

Македонската полиција вчера околу 7 часот открила 20 илегални мигранти од Авганистан на патниот правец Кавадарци - Мушов Гроб. Мигрантите се превезувале во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, соопшти МВР. Возачот на возилото не бил пронајден, бидејќи откако ги забележал полициските службеници тој го запрел возилото и побегнал.

Во соопштението на МВР се вели дека илегалните мигранти биле донесени во полициската станица за граничен надзор во Михајлово и со нив бил извршен разговор. Дел од мигрантите со потврда за предавања на лица се предадени во Прифатен центар за странски државјани - Скопје, а останатите во Прифатен центар за баратели на азил - Визбегово, Скопје. МВР презема мерки за пронаоѓање на возачот.