Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но претпладне локално се уште ќе има услови за слаб дожд, особено во крајните западни и источни планински предели. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 6 до 13, а преку денот ќе се искачи од 13 до 21 степен. Во Скопје слично време со температура од 9 до19 степени.