Кери во Јапонија на состанок на Г7

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во Јапонија каде што ќе учествува на состанокот на групата седум економски сили.
Утре тој ќе биде највисокиот американски државен претставник кој ќе присуствува на одавањето на почит на првиот нуклеарен напад во историјата. Кери ќе го посети меморијалниот парк во Хирошима. Околу 80 000 луѓе загинаа кога американски бомбардер фрли нуклеарна бомба во Хирошима на 6 август 1945 година. Друга нуклеарна бомба беше фрлена на Нагасаки три дена подоцна. На дводневниот состанок во Хирошима на групата седум ќе се разговара за низа глобални прашања меѓу кои тероризмот, Украина, Северна Кореја, Блискиот исток и мигрантската криза.