Напаѓачите во Брисел планирале нов напад во Франција

Терористичка келија базирана во Брисел планирала нови напади во Франција но наместо тоа го извршиле нападот во Белгија откако биле “изненадени” од брзата истрага во Франција, соопшти денеска белгиското обвинителство. Канцеларијата на федералното обвинитилество наведе дека изненадени од брзината со која напредувала истрагата донеле итна одлука за напад во Брисел. Истражните органи нашле поврзаност меѓу групата која стои зад нападите во Брисел и онаа што ги организираше напади во ноември во Париз. Вчера белгиските власти поднесоа обвинение за Мохамед Абрини за терористички напади и учество во активности на терористичка група поврзано со нападите во Брисел . Абрини кој беше уапсен во Белгија нa 8 април беше последниот познат бегалец осомничен за нападите во Париз минатата година во кои загинаа 130 луѓе.