Можно ослободување на Украинци осудени за тероризам во Русија

Руското министерство за правда соопшти дека го разгледува барањето од Киев за префрлување во Украина на режисерот Олег Сентсов и тројца други притворени Украинци. Во соопштението објавено вчера се наведува дека има барање од сојузниот затвор да се подготват документи за трансфер на затвореници. Како и да е министерството наведува дека која било одлука за предавање на Сентсов, Хенадиј Афанасиев и Јуриј Колшенко ќе биде донесена од рускиот суд. Според министерството процесот бил почнат откако Украина го доставила своето барање на 10 март. Рускиот суд ги осуди Сентсов и Колшенко за тероризам во август 2015 година на 20 и 10 години затвор. Афанасиев беше осуден на седум години затвор за исти обвинувања во април 2015 година. Критичарите сметаат дека ваквите случаи се начин да се казнат обвинетите за своите проукраински ставови.