Откриени 44 мигранти во српски камион кај Табановце

Четириесет и четворица мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан се пронајдени изутрината во камион со српски регистрски ознаки во близина на граничниот премин Табановце. МВР соопшти дека изутрината околу 04:15 часот полициски службеници забележале паркирано товарно возило „Фиат дукато“ со издишана гума на автопатот Куманово-Табановце и се упатиле кон него. Лицето кое го управувало возилото, веднаш почнало да бега. При контрола на возилото биле пронајдени 44 мигранти, кои се приведени во СВР-Куманово за натамошна постапка.