Построги заштитни мерки за нуклеарниот материјал

Од следниот месец Обединетите нации ќе почнат да се спроведуваат построги заштитни мерки за нуклеарниот материјал за да се спречи тој да падне во рацете на терористите, соопшти вчера Меѓународната агенција за атомска енергија. Десет земји меѓу кои Пакистан, Азербејџан и Кувајт го потпишаа амандманот на конвенцијата за заштита на нуклеарен материјал мината недела. Северна Кореја и Иран се меѓу неколкуте земји кои го немаат прифатено ниту оргиналниот документ од 1987 година, ниту пак подоцнежните измените верзии. Напредувањето на Исламска држава во Сирија и нападите во Европа ги зголемување меѓународните стравувања дека терористите може да се обидат да дојдат до радиоактивен материјал или пак да нападнат нуклеарни постројки.