Кери: Абади не побара нови трупи на САД во Ирак

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади не побарал нови трупи на САД да им помогнат во борбата потив милитантите на грушата на Исламската држава. Во денешната посета на Багдад, Кери рече дека сака да ја повтри поддршката на претседателот на САД и потпретседателот за Абади, кој се соочува со политичка криза, колабирана економија и војна против групата на Исламската држава. Тој изјави дека јасно му укажал на Абади оти е важно да има политичка стабилност во Ирак, така што нема да бидат засегнати воените операции.