Русија нема да го истражува извештајот на Светската анти-допинг агенција

Канцеларијата на јавниот обвинител на Русија нема да го истражува извештајот на независната комисија на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), која наведува системски допинг во рускиот спорт. Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко, денеска изјави дека Канцеларијата на обвинителството внимателно го пручила извештајот на ВАДА, но дека во него не нашла судски поткрепени факти за започнување на истрага. Во извештајот на ВАДА од ноември е наведен системски и државно спонзориран допинг на спортисти во Русија, при што истиот месец беше суспендирана Атлетскта федерација на Русија од страна на Мегународната асоцијација на атлетски федерации. ВАДА исто така ја суспендираше Руската анти-допинг агенција и Руската лабораторија за тестирање.