Лани дуплиран бројот на милитанти на ИД во Либија

Бројот милитанти на Исламската држава во Либија во минатата година бил дуплиран и сега изнесува околу 6 илјади, изјави генерал Дејвид Родригрез, американски командант за Африка. ИД ја искористила предноста од нестабилноста во Либија за да се засолни таму по губењето територии од самопрогласениот калифат во Ирак и Сирија. Шпекулациите за можна меѓународна воена интервенција во Либија се зголемија откако Соединетите држави бомбардираа еден тренинг камп на ИД во февруари годинава. Генерал Родригрез не исклучи натамошни воздушни напади во Либија.