Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 17 до 23 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен на моменти и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степена.