Груевски: Има услови за избори и тие ќе се одржат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека има услови за избори и дека тие ќе со одржат. Тој рече дека услови за избори има и дека тие ќе се одржат, а оти на нив може да се учествува или да не се учествува. Груевски истакна дека не е вистина оти медиумите не се регулирани и додаде дека тие се задолжени според Закон еднакво да информираат за секого и дека нивна обврска е балансирано известување. Тој истакна дека опозицијата нема никакви аргументи за бегање од изборите и дека бројките од 300 илјади и 500 илјади се чиста лага. „Сакаат да внесат забуна кај гласачите. Какви 500 илјади, зарем некој верува дека тоа е возможно. Покрај сите набљудувачи јас сум убеден дека никој, ниту СДСМ сами не си веруваат во оваа небулоза“, рече Груевски.