Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.