Собранието се распушти без оставките на министрите од СДСМ

Собранието се распушти, откако претседателот Трајко Вељаноски рече дека заврши мандатот на овој состав. На седницата која траеше околу 10 минути не беа констатирани оставките на министрите и замениците министри од СДСМ. На седницата не беа присутни пратениците од опозициската коалиција предводена од СДСМ.

„Завршува мандатот на овој пратенички состав. Би сакал да ви се заблагодарам и да ви посакам среќа и успех на личен и професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ тешки премрежија, но реализиравме и конкретни резултати во градење на стабилна сегашност и подобра иднина“, рече Вељаноски.