Јацењук бара забрана за руските нафтени производи

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека ќе воведе забрана на нафтените производи од Русија. Украина постави цврсти бариери за стоки од Русија за анексијата на Крим од страна на Москва во 2014 година и за нејзината поддршка на сепаратистите во источна Украина. Русија одговори со нејзина забрана на производи од Украина. Јацењук побара од министерот за економија да развие механизми за, како што рече, забрана за купување на нафтени производи од агресор како што е Русија.