Реформи на системот за азил на ЕУ

Европската Комисија ќе го објави планот за реконструкција на системот за азил на Европската Унија, како одговор на мигрантската криза. Европската Комисија – извршното тело на ЕУ, се очекува да ги објави предлозите во текот на денешниот ден. За сегашниот систем на ЕУ широко се верува дека е застарен и неправеден во земји како Грција, кои се борат да се справат со огромниот прилив на мигранти. Според сегашните правила, бегалците би требало да побараат азил во земјите каде пристигаат. Но, т.н. Даблинска регулатива се покажа како нефункционална кога германската канцеларка Ангела Меркел во август минатата година ја отвори вратата за бегалците. Една од можните промени за системот на азил на ЕУ е да се редистрибуираат мигрантите во земјите членки кои се на надворните граници на Унијата. Задолжителната дистрибуција на приливот на баратели на азил веќе предизвика сериозен судир меѓу многу земји од ЕУ.