Во Холандија референдум за договорот ЕУ, Украина

Во Холандија денеска се одржува референдум за тоа дали се поддржи или да се отфрли договорот на ЕУ за продлабочување на економските и политичките врски со Украина. Граѓаните се изјаснуваат за тоа дали владата би требало да го ратификува договорот за асоцијација со Украина кој веќе го имаат ратификувано 27 други земји членки на ЕУ. Референдумот не е обврзувачки, а анкетите покажуваат дека повеќето ќе гласаат против договорот. Според посматрачите, тоа ќе биде тежок удар врз Украина, но и своевиден сигнал за Брисел и Москва.