Обама за мерки против даночно затајување

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека масовното протекување податоци, односно аферата наречена Панамски документи е доказ дека светските лидери мора да направат повеќе во борбата против затајувањето данок. Во своето прво реагирање на аферата, Обама рече дека лидерите постигнале извесен напредок во затворањето на меѓународните операции за избегнување на плаќањето данок, но оти тоа не било доволно. „Многу работи се легални, но токму во тоа е проблемот“, оцени Обама.