Исландскиот премиер поднесе оставка по аферата „Панама документи“

Исландскиот премиер Сигмунд Давид Гунлаугсон се повлече од функцијата откако протекоа документи кои покажуваат дека неговата жена поседува офшор фирма со големи побарувања од исландките пропаднатаи банки. Сигурдур Инги Јохансон кој исто така моментално работи како министер за рибарство и земјоделство, изјави дека Прогресивната партија ќе и предложи на нејзиниот коалициски партнер - Независната партија, дека тој треба да стане нов премиер. Рано денеска Гунлаугсон побара од претседателот да го распушти Парламентот, и покрај соочувањето со гласањето на недоверба и протестите пред Парламентот. Протечените панамски документи открија финансиски ангажмани на политичари и јавни личности од целиот свет.