Русија создва Национална гарда за борба против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Рисија создва Национална гарда за борба против тероризмот и организираниот криминал. „Одлуките се преземени, ние креираме ново федерално тело на извршната власт“, рече денеска Путин на средбата со клучните безбедносни претставници во Кремљ. Националната гарда ќе биде создадена врз основа на трупите на Министерството за внатршни работи. Путин додаде дека руската Агенција за борба против дрога и Федералната служба за миграција ќе бидат подредени на Министерствот за внатрешни работи.