Исландскиот претседател одбива да го распушти Парламентот

Претседателот на Исланд ги одби повиците да го распушти Парламентот и да распише предвремени парламентарни избори поради скандалот предизвикан околу спорот со даночните офшор прашања на исладскиот премиер. Претседателот Олафур Рагнар Гримсон денеска изјави дека прво сака да се консултира со лидерите на другите политички партии. Вчера илјадници Исланѓани протестираа пред Парламентот барајќи оставка на премиерот Сигмундер Давид Гунлаугсон. Протечените финансиски документи покажуваат дека тој и негоавата жена формирале компанија на Британските Девствени Острави со помош на панамска фирма. Тој е обвинет за конфликт на интереси за неуспехот да се открие неговата вмешаност во компанијата. Гунлаугсон негираше дека сторил нешто лошо.