Самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

Илустрација.

Авганистанските власти велат дека најмалку седум луѓе се убиени во самоубиствен бомбашки напад во северот на земјата. Заменик гувернерот на провинцијата Парван, Шах Вали Шахед вели дека 25 луѓе се повредени во денешниот напад. Експлозијата се случила во областа Сеја Герд. Шефот на провинциската полиција, Мохамед Заман Мамозаи изјави дека бомбашот самоубиец возел моторцикл кога го детонирал експлозивот. Тој истакна дека цел на нападот биле авганистанските безбедносни сили, но дека жртвите се цивили, вклучително и деца. Ниту една група не презема одговорност за нападот, иако Талибанците беа обвинети за сличен напад во минатото.