Грција и кредиторите ги продолжија преговорите

Грчките власти почнаа нов круг преговори за мерките на штедење со меѓународните кредитори. Најголеми спорни точки во преговорите се новите намалувања на пензиите, даночните реформи и натамошните кратења на трошоците. Разговорите во Атина беа во сенка на документите објавени на Викиликс според кои ММФ инсистирал на поголем отпишување на грчкиот долг. Грчката влада се дистанцира од објавените документи.