Украинската пилотка Савченко почнува штрајк со глад

Украинската воена пилотка Надја Савченко која беше осудена од рускиот суд на 22 години затвор, на 6 април ќе започне штрајк со глад, изјавија нејзините адвокати. „Нејзините барање е итно нејзино враќање во Украина, рече адвокатот Николај Полозоов. Тој објави дека нејзиното здравје е стабилно и дека пие само вода. Савченко беше осудена на 22 март за обвиненија за соучество во убиство на двајца руски новинари во 2014 година во источна Украина. Казната стапува на сила на 5 април. Таа ги одбива обвиненијата и досега неколкупати штрајкуваше со глад.