Времето денеска: сончево и потопло

Во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од. 21 до 26 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.