Најмалку 30 војници загинаа во борбите во Нагорно Карабах

Најмалку 30 луѓе загинаа од двете страни во борбите шти се водат во Нагорно Карабах. Ерменија и Азербејџан се обвинуваат меѓусебно за прекршување на примирјето. Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека 12 војници загинале при борбите. Од кабинетот на ерменскиот претседател соопштија дека 18 етнички Ерменци загинале при воените судири. Според новинските извештаи има досега има три цивилни жртви.