Обама: Нуклеарниот тероризам е глобална безбедносна закана

Американскиот претседател Барак Обама ги повика светските лидери да сторат повеќе за да се подобри безбедноста на нуклеарните објекти со цел да се спречат како што вели „лудаци налик на ИСИС“ да бидат блиску до добивање на нуклерано оружје или радиоактивна бомба. Ова Обама го изјави во Вашинготон на крајот на дводневниот самит за нуклеарна безбедност. Обама им беше домаќин на над 50 светски лидери на самитот фокусиран да спречи нуклеарен тероризам , кој Обама го нарече една од најголемите закани за глобалната безбедност во 21 век.

Дводневниот самит за нуклеарна безбедност беше оддржан во атмосфера на растечко страхување дека екстремистичките групи како Исламската држава ги зголемуваат напорите да дојдат до радиоактивни материјали што би можело да бидат искористени за таканаречена „валкана бомба“. На самитот се разговараше и за нуклеарната програма на Северна Кореа.