Обама - Потребно е време Иран да се вклучи во светската економија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе биде потребно време за Иран повторно да се вклучи во светската економија по укинувањето на меѓународните санкции против Техеран. Санкциите беа укинати откако беше постигнат договор меѓу Иран и шесте светски сили за ограничување на иранската нуклеарна програма. Тој сепак рече дека Иран веќе почнува да има корист од договорот. Техеран се жали дека американското ограничување за банките ги спречува да добијат целосна корист што беше предвидено со нуклеарниот договор.