Лавров и Дачиќ - Хашкиот трибунал да се затвори што поскоро

Шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ повикаа денеска на затворање на Хашкиот трибунал што е можно побрзо бидејќи не придонел во процесот на помирување, изјави Дачиќ денеска во Москва.

Тој упати критики за пресудата против Радован Караџиќ, а за ослободителната пресуда за лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, рече дека на Србите им е тешко да поверуваат дека Трибуналот може да донесе и позитивна одлука.

„Тоа е антисрпски суд. Осудува без докази“, изјави Дачиќ.

Лавров наведе дека постојат многубројни примери во кои Трибуналот покажал пристрасен карактер со „прикривање несрпски осомничени за воени злосторства“, а како пример го посочи случајот со Рамуш Харадинај. За него, Лавров вели дека во интерни документи на НАТО е обвинет како воен злосторник „кој ужива во убивање луѓе“, но Трибуналот го ослободил, а НАТО „срамно одбил до Трибуналот да достави информации што ги поседува“.