Курдските бунтовници презедоа одговорност за нападот во Дијарбакир

Курдската работничка партија презеде одговорност за вчерашниот напад со автомобил-бомба во Дијарбакир, во кој загинаа седум полицајци и 27 луѓе беа ранети. Меѓу ранетите има и цивили. Нападот беше извршен во момент кога мал автобус минувал крај автобуска станица во градот.

Дијарбакир е населен претежно со Курди.

Нападот беше извршен ден пред посетата во градот на премиерот Ахмет Давутоглу.