Кривичен совет - Куќен притвор наместо притвор за Горан Грујевски

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска го преиначи решението на судијата на претходна постапка и мерката притвор за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, ја замени со куќен притвор. Кривичниот совет постапуваше по жалбата на одбраната на осомничениот. Оваа одлука на Кривичниот совет сè уште не е правосилна. Обвинителството и одбраната на Грујевски имаат право на жалба до повисокиот суд, информира Основниот суд Скопје 1.

Горан Грујевски е првоосомничен во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Тој се сомничи за уништување на опремата за прислушување во МВР. Обвинителството за него побара притвор.