Вучиќ - Хашкиот трибунал не работи во интерес на помирувањето

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Целта на Хашкиот суд беше да дојде до помирување, но тој не ја исполни основната цел и само ги закова клинците во ковчегот на заспаниот Балкан, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ. Хашкиот суд вчера го ослободи од обвинението за воени злосторства лидерот на српските радикали Воислав Шешељ.

Вучиќ потенцира дека тој нема никаков проблем со Шешељ, туку со неговата политика, оценувајќи дека таа политика ја турка Србија во минатото. Вучиќ оцени дека Хашкиот трибунал дејствува како политички суд, а не како правна институција. Според него, процесот на Хашкиот трибунал против Шешељ од почетокот недвосмислено бил политички, а не правен процес, „и кога го бараа во Хаг и кога предвремено го пуштија и повторно го бараа“.