Јапонија ќе отвори амбасада во Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши

Во јануари наредната година ќе биде отворена Амбасада на Јапонија во Република Македонија со седиште во Скопје. Ова беше најавено на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски со амбасадорот на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши.

Како што соопшти МНР, при предавањето на писмото во кое се најавува официјалното отворање на јапонската амбасада во Скопје, министерот Попоски изразил благодарност за одлуката.

Македонија отвори амбасада во Јапонија во 2013 година, а првиот амбасадор го испрати во 2014 година.