Почина Ханс-Дитрих Геншер

Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер

Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска неговиот кабинет. Како шеф на германската дипломатија со најдолг стаж, тој одигра клучна улога во настаните што уследија по падот на Берлинскиот ѕид и во падот на комунизмот во Централна и Источна Европа. Геншер е роден во градот Хале во Источна Германија. Тој беше министер за надворешни работи речиси две децении до 1992 година, станувајќи еден од најпопуларните германски политичари. Претходно беше и министер за внатрешни работи.