Средба на Обама со Ердоган во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот ја реафирмира заложбата на САД за зачувување на безбедноста на Турција. Тој ова, како што соопшти Белата куќа, го сторил за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон. „двајцата лидери разговарале и за напорите за уништување на милитантите на Исламската држава“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на Белата куќа.